Вечерва ќе спиеме еден час пократко, на кого тоа најмногу ќе му пречи: Овие симптоми од промена на летното сметање на времето ќе ги осетат сите

Точка

30/03/2024

14:01

5.910

Големина на фонт

а а а

Летното сметање на времето почнува вечер, во последниот викенд од месецот март, тогаш часовниците треба да се поместат еден час нанапред, од два часот по полноќ во три часот што значи дека ќе спиеме еден час помалку.

Летното сметање на времето е воведено за да имаат луѓето еден час повеќе дневна светлина, но како што се приближува зимата, денот е сè пократок и многу луѓе го започнуваат и завршуваат работниот ден во мрак, со малку можност да поминат време на сончева светлина. Затоа сè почесто се слушаат ставови дека овој систем во денешно време е надминат.

Спиеме помалку, но денот трае подолго

Зимското сметање на времето ни дава час повеќе спиење во утрото, но затоа ни го скратува денот. Сега теоретски, ќе имаме еден час помалку сон, тоа во пракса значи дека денот ќе ни биде подолг.


Поточно, ако сега самракот е околу шест часот по пладне, за недела дена ќе имаме дневна светлина скоро сè до седум часот вечер.

Затоа ова враќање на зимско сметање на времето дава ефект на скратување на денот и скратување на нашата изложеност на дневна светлина, а светлината е она што ги одредува нашите биолошки ритми кои мора да бидат усогласени со циклусот на светлина и темнина, односно смената на ден и ноќ која ја диктира Сонцето – рече Драган Хрнчиќ, физиолог на Медицинскиот факултет во Белград за РТС.


Иако оваа промена од еден час не изгледа како нешто драматично, сигурно веќе во недела и понеделник ќе осетиме дека не успеваме да ги извршиме сите редовни активности и дека ќе ни недостасува тој еден час, што води до конфузија, но и до дополнителни промени во организмот со појава на главоболка, варијации во крвниот притисок и раздразливост.

На кого поместувањето на часовникот негативно влијае

Поместувањето на часовникот најмногу влијае на метеоропатите и хроничните болни, но и оние кои баш ништо не им фали ќе ја осетат оваа промена.

Расеаност, поспаност, умор и болка во главата се само некои од тегобите кои ќе влијаат на вашиот организам, кој ќе биде под стрес поради новонастанатата промена.


Како што наведе УМХР, очекуваните биометеролошки услови ќе бидат поволни за повеќето хронично болни. Некоја претпазливост се советуваат лицата кои имаат кардиоваскуларни и психички болести. Метеоропатите може да имаат реакции во вид на нервоза, умор и пад на концентрацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг