Мицкоски: На следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, никој веќе нема дилема

На следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, никој веќе нема дилема, дури и Ковачевски да го прашате и Али Ахмети и тие ќе ви го дадат тој одговор, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„За жал денеска се помалку е присутна надеж, се повеќе е присутно разочарувањето, мизеријата, болката за неправдата, болката дека нема правда, луѓето се чувствуваат опљачкани, осиромашени, понижени и голем дел од нив одлучуваат засекогаш да ги напуштат своите домови овдека во Македонија. Разочарани што не добиле вистинска шанса. Јас сум на факултетот каде што имам секојдневна комуникација со млади луѓе чии што родители се нивниот мотив да после студиите ја напуштат Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски на денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ која што беше организирана во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО.

Мицкоски додаде дека токму тоа е колективен неуспех што сега се случува во Македонија. Тој дури вели дека ВМРО-ДПМНЕ треба сето тоа да го корегира.

„Многу скоро од денеска ќе имаме можност. Ќе имаме можност, ќе дојдат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Бидете сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Никој веќе нема дилема, дури и Ковачевски да го прашате и Али Ахмети и тие ќе ви го дадат тој одговор. Барем едно е константна, кога и да се случат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Прашањето е дали ќе бидат 55, 58, 60, 62 пратеника. Само тоа е дилемата, друго верувајте дека нема да има дилема. Народот е мотивиран и народот сака да го види ВМРО-ДПМНЕ. И знаете што ми велат луѓето кога ме среќаваат, еве изминатиов месец беше месец полн со празници, со слави, и често пати кога одев на тие слави без разлика дали беа организирани во градски, или во рурални средини, луѓето велеа ова е последната шанса. Значи ВМРО-ДПМНЕ е последната шанса. Вие сте последната шанса“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И тоа не е едноставно. Таа шанса нема да има привилегии. Таа шанса нема да биде убава шанса. Затоа што ако била убава немало да сте вие. Таа шанса нема да значи уживање. Туку многу работа, многу откажувања, многу мака, многу труд, многу храброст, многу одлучност, за да се обидеме да ја доведеме Македонија на некое пристојно место. Нема да биде лесно. Но, знам едно дека секој кој што ќе биде надвор од оваа рамка, секој оној кој што ќе ја изневери довербата на граѓаните, а е дел од нас, ќе биде веднаш санкциониран и отстранет од структурата од која што ја добила таа шанса. Затоа што образот нема цена, а достоинството на нашите сограѓани, нашиот македонски народ нема цена, не смееме да ги разочараме“, заклучи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение..

Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Самарас: Извештајот на Дора Бакојани не ја претставува Грција

Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас ја критикуваше Дора Бакојани, известувачот за прием на Косово во Советот на Европа, посочувајќи дека нејзиниот извештај за Косово не ја претставува Грција, ниту културата и традициите на таа земја.

„Грозните работи што се случија неодамна во врска со Косово не ги претставуваат Грција и хелинизмот“, рече Самарас.

Тој додаде дека Грција попрво треба да се занимава со одбележувањето на 50-годишнината од турската инвазија на Кипар, наместо, како што рече, „да го влече хеленизмот по опасни патеки, како со резолуцијата за Косово“.

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда

Дали Спасовски спие мирно со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле на 27 април.

На изборите на 8 мај се одлучува дали оваа криминална влада ќе биде поразена и истата банда ќе се соочи со одговорност, или ќе продолжи да кради и распродава.

А кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?

Кој направи влада после овие настани?

Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?

Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?

Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?

Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер