Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) е меѓу учесниците на 28. издание на саемската манифестација Internacional travel show TT WARSAW, во рамки на активностите за промоција на македонските туристички дестинации и зголемување на бројот на туристи од полскиот туристички пазар.

На саемот учествуваат повеќе од 50 држави и 450 изложувачи, 130 туроператори и 20 000 посетители кои сакаат да одберат атрактивна дестинација за нивниот следен одмор. Полскиот туристички пазар, како што укажува АППТ, е во петте најбрзорастечки пазари. Очекувањата на Агенцијата за наредната година се зголемување на полските туристи за 15 до 20 проценти.

-На македонскиот штанд чие брендирање ги отсликува туристичките дестинации покрај Агенцијата за туризам учествуваат ко-егзибиторите, МакСан, Туринг Македонија, Експириенс Балкан и ДМЦ Балканс. На покана на АППТ, македонскиот штанд е посетен од в.д амбасадор Илија Псалтиров. Oстварени се повеќе средби со тур оператори од Полска и благодарение на соработката со СИППО- швајцарска програма за промоција на извозот изработена е брошура со учесниците на македонскиот штанд. Овој Инфо буклет како промотивен маил е испратен до туристички субјекти преку мрежата на ЕСЕАТ во Полска. Во соработка со ИМЕ- програмата за зголемување на пазарната вработливост изработени се 3Д видеа со можност на посетителите да им ја покажеме виртуелната реалност од убавините на Македонија, виртуелно ќе можат да нуркаат во заливот на коските, да летаат со праглајдер итн, информира АППТ.

За периодот од јануари до септември годинава споредено со истиот период од минатата година е забележан раст од 16 проценти на бројот на туристи и на остварени ноќевања за 15 проценти од туристичкиот пазар Полска. Полските туристи учествуваат со пет проценти во вкупниот број туристи во државава во првите девет месеци од годинава.

Промотивните активности на АППТ за зголемување на бројот на полски туристи покрај учество на саемски манифестации вклучуваат реализација на прв и втор дел медиумска кампања, информативни патувања за новинари, инфлуенсери и тур оператори. И во вториот дел од медиумската кампања, Агенцијата планира промоцијата да ја насочи на електронски медиуми, со 100 проценти онлајн рекламирање.

-Анализа за посета на веб страна www.northmacedonia-timelss.com ни дава информации за успешната реализација на онлајн промотивната кампања изминатиот период. Пикот на посети на веб страната www.northmacedonia-timeless.com од Полска е во месеците мај и јуни кога беше во тек медиумската кампања за промоција на Македонија на полскиот туристички пазар. Вкупниот број на посети во период јануари-октомври 2022 год. е зголемен за 48,9 проценти споредено со 2021 година, информира АППТ.


Администратор
25/11/2022 14:11