На 43-годишна возраст почина екс-репрезентативец на Црна Гора

Фудбалската федерација на Црна Гора се прости од својот поранешен репрезентативец Андрија Делибашиќ. 

На 43-годишна возраст екс-фудбалерот почина по голема борба со тешка болест. Повеќе од две години Делибашиќ имаше дијагностициран тумор на мозокот. Еднаш беше опериран и туморот се повлече, па тој се врати на фудбалските активности и беше спортски директор на Будуќност. Сепак, во меѓувреме болеста се врати и Делибашиќ ја загуби најважната битка во животот. 

Во својата фудбалска кариера преку сутјеска и Партизан црногорскиот напаѓач стигна до МАјорка. Беше позајмуван во Бенфика, Брага, АЕК Атина, Беира-Мар и Реал Сосиедад. Потоа мина две години во Херкулес, а од 2010 до 2013 година го носеше дресот на Рајо Ваљекано. на крајот на кариерата играше за Рачабури и Сутјеска. 

За репрезентацијата на Црна Гора, Делибашиќ одигра 21 натпревар и постигна шест погодоци.