Родители предизвикале тепачка на детски турнир на Златибор, 11-годишно момче се здобило со повреди на главата

Фото: Screenshot/Blic

Место да биде промоција на спортот, детски фудбалски турнир на Златибор се претвори во инцицдент од големи размери.

„Златибор куп“, турнир на кој учествуваат деца родени помеѓу 2010. и 2017. година остана во сенка поради големиот инцидент и тепачката во која учествуваа родителите на децата.

Како што за „Блиц“ раскажала мајката на едно од децата проблеми направиле родителите на децата од клубот „Стар аеродром“ од Подгорица, тие влегле во клубот со Руси од клубот „Инеграл“ од Москва.

Инцидентот започнал кога рускиот тим постигнал гол на овој натпревар, тогаш родителите на децата од Подгорица тргнале да фрлаат со шишиња кон децата на рускиот тим, а потоа мета бил и судијата.

Во инцидентот едно 11-годишно дете завршило со повреди на главата. Според информациите на споменатата мајка, тоа не бил единствен скандал. Наводно тие покажувале и двоглав орел на тимовите од Србија, а имало и проблеми надвор од теренот.

„Блиц“ исто така објави и видео од инцидентот кое можете да го погледнете – тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот