Македонија
6. May 2024 - 16:51

Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар

Предизборно, Владата утре ќе се задолжи 39 милиони евра на домашниот пазар. На аукција ќе понуди едногодишни државни записи вредни  24,3 милиони евра со каматна стапка од 3,8%, како и двегодишни обврзници во вредност од 9,7 милиони евра, чија камата ќе изнесува 3,85 отсто.

Државата утре ќе понуди и 15 годишни државни обврзници вредни 4,8 милиони евра со нешто повисока камата од  5,6%. Од Министерството за финансии велат дека аукциите се редовни, закажани во полугодишниот календар, а парите се наменети за враќање на стари долгови.

Само во мај државата треба да вратат скоро 50 милиони евра, стои во каленадрот на Министерството за финансии.