Кенискиот атлетичар Гилберт Киплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на земја.
Чумба постигна одлично време - 2:11.47, за жал, му недостигаше една минута од рекордот на Белградскиот маратон, но, се чини, дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело.
Само што ја минал целта како победник, Чумба колабирал на улица, по што дошле лекари, а потоа бил однесен на носилка.
Инаку, патеката на Белградскиот маратон не е лесна, а она што е незгодно за натпреварувачите е нагорнината што доаѓа веднаш на крајот од маратонот, кога почнува искачувањето од Бранковиот мост до целта кај Теразије.
Откако Чумба прв ја минал целта, бил целосно исцрпен. Во прилог не му одело ниту топлото време, што е отежнувачка околност за маратонците, па Кениецот по влегувањето во целта легнал на асфалтот.
Брзата помош брзо реагирала и му помогнала на шампионот. Како што пренесуваат медиумите во соседството, немало поголеми проблеми, само Чумба бил премногу исцрпен, па лекарскиот тим реагирал превентивно.