ОЈО: Татко под истрага за полови дејствија спрема сопствената малолетна ќерка
16-08-2023 РЕГИОН
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година.
 
 
Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик.
 
 
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.
 
„Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело Силување на дете кое не наполнило 15 години по чл. 188 ст.5 вв чл. 45 ст.1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст.1 т.1 и т.2 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст.4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 15.08.2023 донесе Решение за определување мерка Притвор во траење од 30 дена спрема лицето Ѓ.М. од Кавадарци на возраст од 42 години“ информираа од Основен суд Кавадарци.


Share

Додади коментар