Новите Galaxy S24 и Galaxy S24+ ги освоија срцата на Gen Z

Новите Galaxy S24 и Galaxy S24+ ги освоија срцата на Gen Z

Објавена во: После „Школо“ // PR

Претставувањето на новите паметни уредиGalaxy S24, и Galaxy S24+ од страна на гигантот Samsung одекна секаде во светот, а особено помеѓу помладите од Џен З генерацијата, чие мислење за новите технологии воопшто, секогаш се зема за меродавно и веродостојно. Но овој пат, интегрираната Galaxy AI* вештачка интелигенција во уредите од новата серија Galaxy S24 е токму она што ги фасцинира младите, овозможувајќи им на својот телефон да користат функции кои значително им го олеснуваат секојдневието, им заштедуваат време и им даваат слики и видеа преработени со ВИ како никој пат досега.

Најповолниотмобилен телефон Galaxy S24 и неговиот поголем близнак Galaxy S24+ имаат сличен дизајн, подобрени екрани,софтверска поддршка до 7 години, и сето тоа во пакет со феноменални ВИ функции доаѓаат по пониска цена од минатата година. Но, кои се тие функции со вештачка интелигенција за која сите зборуваат?

Бројни можности за олеснување на секојдневието со помош на твојот Galaxy S24 или Galaxy S24+ ти се на дланка. Отсега скоро веќе и да не постојат бариери при комуникацијата со странски јазици, затоа што функцијата Interpreter, која може да ја користиш дури и без интернет, ќе ти овозможи разговорот со соговорникот до тебе веднаш да биде преведен и прикажан на поделен екран на кој транскрипцијата ја читате и двајцата во реално време. Тука е и функцијата Помош за разговор (Chat Assist)која ќе ја усоврши твојата пишана комуникација, па така, ќе го направи твојот текст да звучи љубезно, кежуал, професионално, зависно од тоа која ти е намерата, и воедно ќе ти предложи опции за кратки фрази. Исто така, и веќе познатата апликација Samsung Notes ја добиваш значително подобрена со Помош за белешки (Note Assist) со шаблони со кои фаќањето на белешки ти е олеснето бидејќи на крај ги добиваш твоите забелешки организирано во структуиран формат. Функцијата Помош за транскрипција (Transcript Assist) исто така поддржана вештачка интелигенција и технологија за транскрипција, е извонредна алатка за генерирање на текст како резиме од подолга содржина или пак од разговор, и колку и да звучи неверојатно - од говор во текст.

Но, можеби најинтересната функција претставена во новите Galaxy S24и Galaxy S24+ е феноменална  Пребарување со заокружување (Circle to search) која работи на следниов начин: Со долго притискање на почетното копче можеш да заокружиш со прстот било кој предмет на екранот што во моментот го гледаш, и веднаш ќе добиеш Google резултати од пребарувањето, како и генеративни прегледи овозможени од вештачката интелигенција кои ќе ти обезбедат корисни информации и контекст собран од целиот интернет за тоа што го бараш.

ВИ и за твоите слики и видеа

Освен придобивките од вештачката интелигенција во твојата пишана комуникација, пребарувањето или отстранувањето на јазичните бариери, Galaxy AI поставува и нови стандарди за твоите фотографии, видеа и креативна експресија. Galaxy S24 и  S24+ доаѓаат со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со 2х и 3х зум ќе можеш да снимаш динамични крупни кадри. Новата функцијаProVisualengine, која ја користи моќта на AI зумирањето, добиваш подобрени детали и бои за чисти и живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум.На слаба светлина твоите фотографии ќе бидат совршени со помош на функцијата Nightography, а благодарение наISP Block, ќе можеш Nightography да ја аплицираш и наNiсо селфи камерата. А фантастичното уредување на сликите со Generative Editи со помош на ВИ отвара нови хоризонти за крајниот визуелен производ,па така, доколку не успеа да го фатиш кадарот како што сакаш, со оваа опција ќе можеш да ја пополниш позадината, да ги отстраните несаканите предмети, геометриски да ја подесиш сликата и сл.

Дизајн, екран, кориснички интерфејс и батерија

Самсунг не успеа да ја надмине својата инспирација, па рамката на телефоните Galaxy S24 и Galaxy S24+припаѓа на втората генерација Aluminium  Armor рамки, при што производителот тврди дека употребениот материјал е уште поиздржлив при падови и уште поотпорен на гребнатинки.Кога сме кај отпорноста, обвивките на овие два уреди доаѓаат со ознака IP68 која гарантира заштита од навлегување на вода и прашина, а екранот и задниот дел се заштитени со стакло Gorilla Glass Victus 2, кое може да преживее директен пад на бетон од висина од еден метар.Двата модели може да се најдат во четири различни бои: црна оникс, мермерно сива, кобалт виолетова и килибарна жолта.

Galaxy S24 и Galaxy S24+ носат неколку клучни подобрувања на екранот. Како прво, дијагоналите на дисплејот се поголеми за 0,1 инчи, па нивната должина сега е 6,2 и 6,7 инчи.Сепак, многу поважна е имплементацијата на LTPO технологијата, која минатата година ја немаше кај обата модели, па минималната стапка на освежување на екранот сега е 1, а не 10 Hz, додека максималната ги достигнува истите 120 Hz. Исто така, Samsung ја подобри осветленоста, која овојпат може да достигне брилијантни 2.600 nits.

Дополнително, резолуцијата наGalaxy S24 останува иста од 1.080 x 2.340 пиксели, додека купувачите на Galaxy S24+ имаат на располагање 1.440 x 3.088 пиксели - подобрување во однос на минатата година што гарантира поостар и подетален приказ на содржината на екранот.

Galaxy S24 и Galaxy S24+ доаѓаат со кориснички интерфејс One UI 6.1, кој се базира на оперативниот систем Android 14. Она што е неверојатно е што купувачите на кој било од телефоните од новата серија, се додека не го сменат својот уред, ќе го добијат ажурирањето и на Android 21. Да, добро прочитавте - Samsung вети 7 нови верзии на Android и дури 7 години безбедносни закрпи.

Galaxy S24 и Galaxy S24+ доаѓаат со подобрен капацитет на батеријата од 100 и 200 mAh, соодветно. Тоа значи дека Galaxy S24  има батерија од 4.000 mAh, додека во внатрешноста на Galaxy S24+ е батерија од 4.900 mAh. Што се однесува до моќта на полнење, првиот се полни со максимална моќност од 25 W, односно до 50% за половина час, додека вториот може да го направи тоа со моќност од 45 W, што е доволно за да се наполни телефонот до 65% за 30 минути.За среќа, не изостана ни поддршката за безжично полнење, а постои и можност за обратно безжично полнење на други уреди.


*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

Повеќе за новите модели Galaxy S24  и Galaxy S24 + прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: