ФОТО | Се омажи актерката со најбујното деколте во Холивуд: Не штедела на тридневната свадбена веселба

Кристина Хендрикс / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Фаталната актерка препознатлива по црвената коса и бујнoто деколте, Кристина Хендрикс се омажи за кинематограферот Џорџ Бјанкини. За свадбената веселба не штеделе воопшто – таа се одржа во историската куќа на Наполеон во Њу Орлеанс.

Хендрикс екслузивно за „Пипл“ изјави дека и таа и Бјанкини го избрале Њу Орлеанс за нивната венчавка бидејќи „и двајцата имаат посебна врска со градот“.

„Њу Орлеанс е место каде што отсекогаш сакав да одам пред да го запознам Џорџ и место каде што секогаш сакаше да оди пред да ме запознае мене. Кога почнавме да излегуваме, живеевме на другата страна на земјата, со километри оддалечени, а тоа место беше некако на средина. Се чувствувам како да сме заедно во нашиот град, затоа и немаше дилема каде ќе се венчаме“, раскажала таа.

Планирањето на свадбата бил донекаде предизвикувачки бидејќи актерката ја организирала додека ја снимаше ТВ серијата „Мал град, голема приказна“ во Ирска.

Фото: Instagram / people / Sophie Lin Berard

„Само си велев дека на крајот на денот е важно сите наши пријатели и семејството да бидат среќни и задоволни заедно… Ако ништо друго не функционира, би нарачала пица и добро би се забавувала“, рекла таа.

Тридневната свадбена прослава започналa со коктел за добредојде, одржан во мала вила на имотот Сонијат Хаус, по што следела обиколка на Францускиот кварт. Вилата служела и како „база“ на парот за време на викендот и место за подготовка за разни веселби.

За вистинската венчавка во куќата на Наполеон, Хендрикс вели дека имало „многу цвеќиња“, а за церемонијата невестата носела чипкаст бел фустан кој ги криел нејзините гради, поради кои ја носи титулата – актерка со „најбујното деколте “.

Свадбата ја водела нејзината блиска пријателка Ширли Менсон, пејачка на рок бендот „Габриџ“.

„Беше супер возбудливо за нас бидејќи навистина мислам дека Ширли е една од најнеобичните писателки и музичари. Гледајќи ја неа и нејзиниот брак со нејзиниот сопруг Били Буш сфативме дека сакаме да функционираме така – изјави актерката ѕвезда.

Парот рачно си ги напишал заветите еден на друг, за што Хендрикс открила дека бил една од најтешките работи на списокот со обврски за нивната свадба.

По церемонијата, младенците се одлучиле за класичната традиција по која е познат Њу Орлеанс, водејќи ги гостите по улица во еден вид „парада“ со чадори за сонце и чадори во рацете.

Хендрикс и Бјанкини кои започнаа да се забавуваа во 2020 година и се свршија во февруари 2023 година, имале само 76 гости на нивната свадба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот