Регион

Црна Гора: Потрошувачката кошничка изнесува 1.900 евра

04 апр 2024

Центарот за едукација, информирање и синдикални истражувања „Унија на слободните синдикати“  на Црна Гора, и објави дека потрошувачката кошничка за првото тримесечје за едно четирилчлено семејство годинава изнесува 1.900 евра.

Од вкупно десет категории во овој квартал пораст на расходите се забележуваат во следните категории: прехранбени производи (4,31%),  одржување на домаќинството (5%), станбени и комунални услуги (6,82) и производи за лична нега и хигиена (3,85%).

Податоците за трошоците се добиени со собирање на цените од 135 продавници со мешовита роба од трите најголеми трговски синџири во Црна Гора, при што во овој период на едно четиричлено семејство само за прехранбени производи им биле потребни 605 евра.

 Зголемувањето на трошоците е резултат на прекинувањето на акцијата на министерството за развој на стопанството и туризмот, „Стоп за инфлацијата 100+“, која беше насочена на ублажување на инфлацијата и заштита на граѓаните од поскапувањето. Како што акцијата прекина да важи од први јануари годинава, така додје и до зголемување на цените во одредени категории, појаснуваат од „Унијата на слободни синдикати“.

 Во однос на претходното тримесечие, синдикалната кошничка бележи пораст од 50 евра или 3%.

 

Извор: INB2B Media

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...