Првиот човек на Toyota, за The Wall Street Journal вели дека алтернативите на електричните возила почнале да добиваат потопол прием кај владините претставници

Од сите големи производители на автомобили, Toyota е можеби најскромна кога станува збор за имплементацијата на електрични возила. Се движи, но бавно. Јавноста смета дека на Toyota не е премногу „загреана“ на електричната мобилност, иако најавува серија електрични модели, но има и позадина, која не е само слободно уверување на надворешните набљудувачи. Извршниот директор на Tоyota, Акио Тојода, тврди дека е меѓу тивкото мнозинство од оние во автомобилската индустрија кои се прашуваат дали електричните возила се единствениот пат напред.

Говорејќи пред новинарите, Тојода го повтори своето верување дека најдобриот пат напред е да се развие низа различни технологии за погонски агрегати, вклучувајќи хибриди, plug-in хибриди, возила со водород и електрични возила. Тоа се случува и покрај фактот што многу од најголемите светски производители на автомобили веќе се обврзаа на целосно електрична иднина. Тој е на мислење дека играњето само на една карта не е добро. Тојода за The Wall Street Journal вели дека алтернативите на електричните возила почнале да добиваат потопол прием кај владините претставници и медиумите.

„Пред две години јас бев единствениот што даваше такви изјави“, додава Тојода.