Великиот Хактан, за кого Апасиев вели дека е идеолошкиот гуру на Левица

  • Фејсбук статус на Димитар Апсиев, претседател на Левица

Великиот ХАКТАН – советникот од Град Скопје, ми го чува грбот у Кецот. Ептен ќе ми биде ќеиф ко ќе влезе со нас у Собрание! Од деца сме во Борбата. Он е дури и пред мене. Еден од основачите на легендарната „Ленка“ (2008). Никад не се шитна! Да видите тек тогаш шо е ремет и политичка акција на дело.

p.s. Да ви раскажам една анегдота… Еднаш бевме на партиски разговор со една битна фаца у државава. Отидовме тројца. И тој важниот тип цело време гледаше во мене додека збореше. И ја, таков драпаџија ко шо сум, у еден момент, го сецнав со зборовите: – „Ве молам, не гледајте во мене. ОВОЈ НИ Е ГЛАВНИОТ. Ја сум само за по телевизии“ (мислејќи на другарот Реџеп Исмаил, алијас Хактан Баба – кој седеше до мене).

На лицето на соговорникот се појави чудење!? Не му беше јасно. Мислеше дека Апасиев е апсолутист. Но, ја осети онтологијата која во себе ја носи м-р Хактан – еден од најдобрите и најначитани политиколози у Македонија. И, после тоа, само у него гледаше. Оти он е идеолошкиот Гуру на Организацијата.