ВИДЕО: Со руски проектил погоден иконскиот замок „Хари Потер“ во Одеса, има и жртви во нападот

Гори замокот „Хари Потер“ во Одеса/Фото: Скриншот/YouTube

Најмалку пет лица загинаа, а 32 други се повредени откако руски проектил го погоди иконскиот замок во Одеса, дел од Правната академија, кој е познат и како „Замокот на Хари Потер“.

Станува збор за замок во готски стил и снимката на која се гледа како зафатена од пламен е навистина ужаснувачка:

„Го разгледуваме типот на ракетата. Лекарите продолжија со потребната евалуација за таа цел. Сите служби, вклучително и Државната служба за вонредни состојби, во моментов работат на отстранување на последиците од ракетниот напад. Ова е уште едно воено злосторство“, рече Дмитро Пледечук , портпарол на јужните сили на Украина.

Регионалниот гувернер Олех Кипер изјави дека меѓу повредените има две деца и една бремена жена.

Кипер рече дека осуммина од повредените се во тешка состојба, меѓу кои и едно четиригодишно дете.

„Нашите лекари се обидуваат да го направат најдоброто што можат“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот