Регион

БиХ: Трговците ги заклучуваат цените на 60 производи

14 мар 2024

Од 15.март започнува вториот бран на доброволниот проект „Заклучување на цени“ на федералното министерство за трговија, произведувачите, трговците, потрошувачите и синдикатот, кој ќе трае до 16.јуни годинава.

Списокот на производи со намалени и заклучени цени е проширен од 40 на 60 производи, соопштуваат од министерството.

 Во новиот список вметнати се производи кои ги користат болните од дијабетис и целијакија. Всушност, на предлог на здруженијата на овие групи на граѓани, трговците им излегоа во пресрет и ги намалија или заклучија ценита за четири производи кои се користат за посебниот режим на исхрана кој се применува за овие болести.

 Овој проект, кој започна минатата година на 15 декември, оценет е како успешен, а од министерството информираат дека купувачите ќе можатда заштедат од 15% до 20% на производите со заклучени цени.

 Во првиот дел од овој проект, потрошувачите како проблем го истакнале недоволно транспарентното означување на производите кај одредени трговци. Поради тоа било договорено плакатот со артиклите од овој проект, на кој стои претходната цена и заклучената да биде во формат А1.

 Постигнат е договор со трговските објекти, супермаркетите и хипермаркетите, внатре во објектот да одделат полици под име „ Заклучување на цени“, каде што потрошувачите полесно би се снашле да ги најдат на едно место производите со заклучени цени, освен производите кои не можат да бидат изложени на полици, како што се месото и млечните проозводи, соопштуваат од министерството за трговија.

 

 

Извор: eKapija

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...