Се санираат оштетените клупи на плоштадот „Делфина“ во Влае

Фото: Општина Карпош

Екипи на Општина Карпош ја санираат оштетената урбана опрема на плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, која, како што тврдат од Општината, тенденциозно се уништува во изминатиов период. Во последниве два месеци локалната самоуправа интервенирала на оваа локација дури четири пати, со цел да ги врати демолираните реквизити во првобитна состојба.

Бидејќи девијантното однесување на несовесните граѓани не запре, стручните служби од Општината испратија официјален допис до полициската станица Карпош, при што побараа поголемо присуство на полициските службеници во тој реон, особено во подоцнежните часови. Со оглед на тоа што станува збор за инвентар којшто е во јавна сопственост на сите жители на општина Карпош, апелираме до граѓаните да се однесуваат примерно и совесно да ја користат урбаната опрема,клупи, корпи за отпадоци и слично, бидејќи се поставени да служат за нивно плодоуживање – велат од Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот