Отстранета рампата на Наум Наумовски Борче, улицата станува проодна и безбедна

Фото. Општина Центар

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата Наум Наумовски Борче кај хотел „Дувет“, на раскрсницата помеѓу улиците Ленинова и Партизанска која, како што тврдат од Општината, претставувала проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Оттаму додаваат дека со овој потег се решава деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишале 327 граѓани, но и дека е направено во согласност со ДУП и за зафатот биле добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

Фото: Општина Центар

Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми,  вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, со широчина од 7 метри,  ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата Наум Наумовски Борче. Со ова се очекува да се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот