ВИДЕО: Мароко е хит на Светското првенство, Белгијците надиграни во Доха

Фудбалерите на Мароко се вистински хит на Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Репрезентацијата на Мароко постигна уште еден голем резултат на Мундијалот во Катар, по стартното реми со светскиот вицешампион Хрватска, денеска ја совлада Белгија со 2:0.

На стадионот „Ал Тумама“ во Доха мароканските фудбалери имаа голема поддршка од своите навивачи кои им возвратија со важен триумф кој може да им донесе пласман во осминафиналето на Светското првенство.

Стрелци на головите беа Сабири во 73 минута (голот можете да го погледнете ТУКА) и Абухлал во судиското надополнување (90+2`) по асистенцијата на Зијеш. Вториот гол можете да го погледнете ТУКА

Вториот меч од второто коло во групата „Ф“ ќе се игра од 17.00 часот помеѓу селекциите на Хрватска и Канада.

Моментно на табелата води Мароко со четири бодови, пред Белгија која има три, Хрватска е трета со еден, а без бодови е Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот