Пендаровски: Сите носители на функции мора да бидат проверени како се збогатиле преку ноќ
Стево Пендаровски кој се трка за втор мандат во Вила Водно, на вечерашниот дуел на ТВ 21 со кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, зборуваше за ветингот како механизам со кој ќе се подобри владеењето на правото и борбата против корупцијата.
„Имам став за тоа и мислам дека треба да оди подалеку, нема да завршиме работа ако се решава тоа само за во псоледните неколку години. Сите треба да бидат проверени од аспект дали несразмерно го зголемиле својот имот, велат, јас имам само еден стан и така натаму, а парите во 90-тите кои ги земале, каде се тие пари, каде отишле тие пари? Да видиме како ги заработиле своите пари.
Тој се осврна и на предложениот закон за рестриктивни мерки кој предвидува да се забрани извршување на функција на лицата кои се на црната листа на САД. Пендаровски рече дека тој закон е добар, но треба и други механизми за борбата против корупцијата.