Мицкоски доби одговор од Апасиев: Не верувај им на дпмнејците, дури и кога ти носат подароци

– Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој ја коментираше изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој порача дека со цел да се обезбеди единство тој објавил мораториум на нападите упатени кон Левица.

Апасиев до своите сопартијци исто така испрати порака, посочувајќи им дека не смее да дојде намалување кон критиката.

-Термометарот на ЖЕСТОКОСТА во критиката не смее да се спушти ниту за степен!