Апсења во Црна Гора, приведена директорката на црногорската агенција за спречување корупција

photo: Jovan Radulovic VOA

Директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата, Јелена Перовиќ, е уапсена по налог на црногорското специјално државно обвинителство, поради сомнение дека, минатата и оваа година извршила продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба.

Перовиќ во моментот на апсењето била во просториите на „КАС“, а по претресот во Агенцијата била однесена на распит во СЈО.

„Полицијата врши претрес во нејзиниот стан и други простории, со цел пронаоѓање други траги и предмети од кривичното дело“, соопшти СДТ.

Адвокатот на Јелена Перовиќ, Никола Мартиновиќ, за Гласот на Америка изјави дека „Перовиќ сега чека сослушување во СДТ“.

„Сега е приведена, полицијата информираше дека е приведена, решение за притвор не добивме. Сега има 72 часа во кои обвинителот мора да ја сослуша“, објасни Мартиновиќ.

Мартиновиќ не верува дека денеска ќе биде сослушувањето. Според него, „ако тоа се случи, тоа е сигнал дека се работи за местенка“.

Како што информираат од РТЦГ, Буџетската инспекција извршила увид во Агенцијата за спречување на корупцијата како дел од годишниот план, а наодите биле објавени на 22 март.

Министерството за финансии потоа наодите од увидот ги испрати до Специјалното државно обвинителство кое врз основа на приложената документација формираше кривично дело.

Тогаш инспекцијата предупреди дека Перовиќ сама си пишувала прекувремени работни часови во текот на 2023 година, за што добила речиси 13.500 евра, што, како што утврдиле од Буџетската инспекција, е спротивно на Законот за плати на вработените во јавниот сектор.

Адвокатот Никола Мартиновиќ вели дека во утринската акција на СЈО „ништо не е пронајдено“ и дека „акцијата на СЈО е борба против Агенцијата за спречување на корупцијата, а не спречување кривично дело“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот