Македонските ракометари поразени од Фарски острови

Машката ракометна репрезентација на Македонија на гостувањето во Торшавн загуби од Фарски Острови со 34-27 (18-14)  во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство. Седумте гола негатива и инфериорноста во играта ја отежнуваат позицијата на македонската репрезентација пред неделниот реванш во Скопје и го ставаат во голема неизвесност пласманот на СП 2025.

Во дуелот со Фараните, избраниците на селекторот Кирил Лазаров направија премногу грешки и немаа решение за полетната игра на домаќините кои пред полните трибини на малата сала „Холин а Халси“ дојдоа до голем триумф со кој се чекор поблиску до историски прв пласман на СП.