20 Мај, 2024
0.0283

Бучковски: На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба коалиција со двотретинско мнозинство за да ги исполни ветувањата

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Владо Бучковски,во емисијата на „360 Степени“ синоќа рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе претендира да коалицира и со ЗНАМ и со „Вреди“ во обид да биде што поблиску до двотретинско владеачко мнозинство во Собранието по парламентарните избори затоа што само така ќе исполни голем дел од своите ветувања.

- Треба да го намали парламентот на 90 пратеници, треба да направи една изборна единица, треба уставни измени за да се формирата новите министерства што ги најави (лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски), тука се Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, рече професорот по римско право и додаде дека за сите овие реформи потребно е да се промени Уставот со двотретинско мнозинство.

Бучковски му порача на Мицкоски дека кога веќе најавува толку многу работи за уставгни измени, попатно да ги внесе и Бугарите во Уставот и така да продолжат евроинтеграциите. Додаде и дека тоа би се направило во првите шест месеци од новата власт, а ако дотогаш тоа не се случи, воопшто нема да има никакво внесување на Бугарите во Уставот до крајот на мандатот.

Бучковски дека дури и пристрасните анкети не погодиле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со разлика од 40 пратеници на парламентарните избори.

- Победата е уште поголема ако се знае дека е извојувана од позиција на опозиција. Тоа никогаш не се случило во историјата. Дури и самата ВМРО-ДПМНЕ е изненадена од резултатот. 

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување