Дали коалицијата предводена од ДУИ има повеќе гласачи од другата коалиција на македонските Албанци ВРЕДИ предводена од Арбен Таравари и Изет Меџити?
Со поглед на бројките од првиот круг претседателски избори може да се заклучи дека е така но, со увид во составот на глачите за колаицијата на ДУИ лесно може да се види дека Али Ахмети имал паника од изборите и посегнал по вештачко, еналбанско зголемување на бројот на гласови со приклучување на голем број Турци, Македонци мулсимани и Роми во гласачката маса.
Најголем дел од тие “приклучени“ гласови се од општините каде традиционално има масовно купување гласови, и каде се “пакуваат“ гласања на лица од општини каде голем дел на жителите се во странство и се злоупотребува нивната лична карта како во Маврово Ростуше, Дебар Жупа или Пласница.
Се работи за околу 30.000 “приклучени“ неалбански гласови кон колаицијата на ДУИ.
ДУИ доби “приклучени“ гласови но - загуби албански карактер на партијата и сега ДУИ е мултиетничка, а не албанска коалиција.
Тоа е првата работа која потврдува дека коалцијата на ДУИ нема повеќе албански гласови од коалицијата ВРЕДИ.
Штабот на ВРЕДИ го знае ова, и го активира планот за поиакви - парламентарни избори и задачи каде и како треба да делува, да направи пресврт на парламентарните избори.
Вечерта на 24 април, додека Европскиот фронт на чело со ДУИ ширеше триумфализам, провоцираше пред штабот на ВРЕДИ, заради разликата во нивна полза од 37.000 гласови, опозициските лидери прогласија победа со наративот дека тие се единствен легитимен претставник на Албанците.
Тие директно посочија дека разликата е резултат на купување гласови на помали етнички заедници и социјално загрозени македонски семејства.
Она што привлекува внимание е тезата на Изет Меџити во неговата објава на Фејсбук, дека сè се одвива по планот и дека ВРЕДИ влегува во следната фаза од стратегијата за конечна победа на 8 мај.
Со оглед на фактот дека Меџити беше потпретседател на ДУИ и многу добро знае како функционира нивната машинерија, се обидовме да истражиме што предвидува стратешкиот план на ВРЕДИ.
Имено, една недела пред првиот круг на претседателските избори, стратезите во кампањата на Арбен Таравари наводно решиле да сменат тактика. Иако имаат скриени контингенти на гласачи кои изразиле волја да гласаат за Таравари на 24 април, проценката била дека ако ги извадат на виделина во првиот круг, ќе станат плен на ДУИ кои со своите полициски инсталации, со закани по нивните семејства ќе им вршат притисок да гласаат за нив на 8 мај.
Така ја одбрале тактиката на „лажни очи“. Бидејќи со кандидатурата на Османи, ДУИ свесно одработи против можноста со нивна поддршка Таравари да влезе во вториот круг на претседателските избори, решиле да направат „game change“.
За да не ја доведат во прашање победата на парламентарните избори, свесно им пуштиле фора на ДУИ.
Според високи извори во албанската опозиција, со тоа добиваат предност во неколку насоки. Првата, не ги ставиле во ризик своите гласачи и подржувачи кои им се сигурни. Второ, детектирале во кои општествени средини ДУИ изврбувала гласачи со недемократски методи. Трето, ѝ прават на ДУИ лажна внатрешна перцепција дека има предност.
Сега штабот на ВРЕДИ точно знае каде треба да делува, да направи пресврт и да ги шокираат ДУИ и нивните коалициони партнери на 8 мај, сметаат во коалицијата.