Министерството за финансии не ја прифати одлуката на осигурителните компании за зголемување на цената за регистрација на моторните возила

Министерството за финансии не ја прифати одлуката на осигурителните компании за зголемување на цената за регистрација на моторните возила, тие крајот на денешниот ден  да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците. 

Парите кои граѓаните ги плаќаат по тој основ се делат на два дела за техничка премија, односно за исплата на штети, и режиски додаток, односно пари за плати на осигурителните компании, сметки, и останато тековно работење. 

- Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница побара од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да изготви анализа за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на друштвата за осигурување. - велат од Министерството за финансии.

Во правец на ова е укажувањето кон регулаторот за ставање во мирување на одлуката за зголемување на цената на трошоците од страна на друштвата за осигурување, се побара од друштвата за осигурување преку Националното биро да дадат свој придонес во изготвување на анализата и предлог-заклучоци за промена на Тарифата. 

Медиумските работници со часови чекаа да заврши состанокот по кој би требало да одговорат од националното биро за осигурување и агенцијата за супервизија на осигурувањето учесници во комисијата колку е оправдана одлуката за враќање на цените и кои се нивните следни постапки. 

Спорното е во тоа што осигурителните компании решија да го зголемат фондот токму за режиските трошоци и тоа од 30 на 50 отсто со што крајната цена на осигурениците се зголемува за 15 - тина отстом за полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото. 

Во 2023 година осигурителните компании по основ на задолжително авромобилско осигурување заработуваат околу 65 милиони евра.