Свет

ОК: „Теско“ и „Натвест“ започнаа програма за финасирање на одржливо фармерство

02 апр 2024

„Теско“ ги здружи силите со „Натвест“ за да започне со програма за финансирање на одржливо фармерство за своите 1.500 фармери.

Преку оваа програма  на фармерите ќе им се обезбедат повластени стапки за финансирање за да им се помогне да се префрлат на одржливи фармерски методи, што вклучува и инсталирање на обновливи извори на енергија, како што се соларните панели, ветерници, системи за греење и ладење кои не користат фосилни горива, како и топлински пумпи.

Фармерите кои се дел дисконтерската група „Одржливи фармери“ за говедско месо, јагнешко месо и млечни производи, ќе можат да учествуваат во доброволната програма  и да добијат пристап до преферираните добавувачи на „Теско“, со потенцијални обемни попусти на средствата за обновлива енергија.

 Истражувањето покажало дека над 50% од фармерите кои соработуваат со  „Теско“ сакаат да направат промени но им треба финансиска поддршка за инвестициите.

Начините на финасирање ќе бидат обезбедени преку „Ломбард“ кој е најголем фонд во Обединетото Кралство и е дел од „Натвест груп“,  со што ќе се овозможат и експертизи за помош во поддршката за декарбонизација на фармите.

  Знаеме дека многу од нашите фармери во исто време бараат начини да ги намалат трошоците на фармите и да се префрлат на обновливи извори на енергија, поради тоа сме благодарни што во партнерство со „Натвест“ ќе ја понудиме нашата зелена финансиска програма, изјави Ашвин Прасад, комерцијален шеф во „Теско“.

Извор: Grocerygazzete.uк

Фото: „Теско“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...