ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува
Објавено во: Македонија 25 Април, 2024
Државната изборна комисија(ДИК) ги објави првичните официјални резултати од првиот круг на претседателските избори.
Во вториот круг на 8 мај одат Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, со освоени 363.086 гласови и актуелниот претседател Стево Пендаровски со освоени 180.500 гласови. Обработени се гласовите од 3.505 од 3.508 гласачки места.
Од ДИК велат дека во моментов течат роковите од 48 часа за приговори.
На три места во Куманово гласањето беше прекинато поради технички проблеми, затоа што станува збор за мал број на гласови кои немаат влијание врз крајниот исход ДИК го поништи и соопшти дека нема да се прегласува.