Рускиот милијардер платил 6,7 милиони евра за „Звечево“

Евра/Фото: Miguel Perfectti / Alamy / Alamy / Profimedia

Објавено е колку сопственикот Здравко Алвир добил од рускиот милијардер за продажбата на кондиторската фабрика Звечево од Пожега. Како што самиот Алвир објави во средата на Загрепската берза, од Флексвеј добил вкупно 6,7 милиони евра.

Продал околу 288.000 акции од сериите А и Б, а куповната цена на акцијата била 23,22 евра. Со ова рускиот бизнисмен Денис Штегелов на крајот стана сопственик на повеќе од 75 отсто од акциите на Звечево. Неговата компанија Флексвеј наскоро ќе даде јавна понуда за преземање на сите преостанати акции. Вториот по големина акционер Ненад Бакиќ поседува околу 7.000 акции, а за тој пакет би можел да добие околу 162.500 евра. Државниот центар за преструктуирање и продажба, пак, поседува 4.000 акции за кои може да добие околу 93.000 евра.

Матија Агиќ има 3635 акции, Бранимир Колаковиќ 1850, Мартин Марчинко 1706, Ана Рогуљиќ 1670, Дарко Томљеновиќ 1618, Роланд Зеленика 1559, а Миливој Мркочи 1317 акции. Ова се, топ 10 акционери на Звечево, објави Даница.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот