„Ербас“ (Airbus SE) доби договор вреден 150 милиони фунти (194 милиони долари) за развој на платформа за слетување што ќе испорача ровер произведен во Велика Британија на Марс за мисија со која што се бараат знаци на живот.
Европската вселенска агенција му додели на „Ербас“ договор за изградба на платформа (лендер) за слетување за мисијата „Ексо Марс“ (ExoMars), со план да се лансира во 2028 година со НАСА, соопштија денеска од Одделот за наука, иновации и технологија. Роверот, изграден од „Ербас“, треба да слета на Марс кон крајот на деценијата.
Договорот е прв од ваков вид за Европа и доаѓа во време кога регионот се обидува да ја намали својата зависност од САД, особено во одбранбениот и вселенскиот сектор. Последната мисија со ровер беше во 2021 година, кога САД го спуштија своето возило „Персеверанс“ (Perseverance) на Црвената планета за да собира камења и други материјали за проучување на Земјата.
Прочитај повеќе

Астронаути на НАСА се вратија на Земјата откако со месеци беа заглавени во вселената
Двајца астронаути на НАСА што поминаа девет месеци во орбитата конечно се вратија на Земјата во капсула на компанијата „Спејс екс“ на Илон Маск.
19.03.2025

Безос испраќа жени во вселената - што е со оние на Земјата?
Пред 8 Март, компаниите објавуваат инспиративни слогани за јакнење на женските права, организираат панели за женско лидерство...
08.03.2025

Безос успешно му конкурира на Маск - ја лансира ракетата „Њу Глен“
Во орбитата на Земјата е лансирана ракетата „Њу Глен“ на американската вселенска компанија „Блу ориџин“. Тоа е најголемата ракета што компанијата на Џеф Безос ја прати во вселената.
16.01.2025

Кина се труди да го стигне Илон Маск во вселената
Претседателот Шји Џјинпинг сака од Кина да создаде вселенска сила, но предноста на „Спејс екс“ на Маск е сѐ уште преголема.
25.12.2024

Шест патници ќе полетаат во вселената со ракетата на Безос
Полетувањето е закажано за денеска наутро, по локално време во Тексас
19.05.2024

Познат дански готвач нуди врвно јадење во вселената за 500.000 долари
Помалку од 24 часа откако беше објавена можноста за патувањето, многу луѓе веќе прашаа каде можат да се пријават.
16.03.2024

„Спејс екс“ ја лансира најмоќната ракета на светот, беше уништена пред крајот на летот
Маск неодамна изјави дека се надева дека „Спејс екс“ може да се обиде да има најмалку уште шест лансирања
15.03.2024
Роверот, именуван по британската научничка Розалинд Френклин, беше подготвен за лансирање уште во 2022 година, но ЕСА ја прекина својата соработка во областа на вселената со Русија по почетокот на војната во Украина. Ова значеше дека Европа мораше да најде замена за руска опрема за мисијата што недостасува, вклучително и уредот за слетување на Марс, рече министерот за технологија на Обединетото Кралство, Питер Кајл.
Слетувањето на Марс е предизвик поради песочните дини, карпите и деловите од карпи расфрлани низ планетата. Од таа причина, платформата за слетување ќе има две вградени рампи на спротивни страни за да може роверот да се спушти на најмазната површина, се вели во соопштението.
Откако ќе стигне на Марс роверот Розалинд Френклин ќе може да ја буши површината до два метри во длабочина за да собере примероци, како и да снима податоци за атмосферата и текстурата на површината.
„Оваа мисија ќе го надополни нашето вселенско знаење во Обединетото Кралство и ќе го унапреди нашето колективно разбирање за нашиот сончев систем“, рече Ката Ескот, директорка на „Ербас дифенс енд спејс“ (Airbus Defense and Space UK).
Според официјалните информации, договорот ќе биде финансиран од британската влада преку нејзината вселенска агенција и ќе отвори околу 200 работни места во вселенскиот сектор на земјата.