Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба на сеф во Скопје. 

Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари, соопшти денеска Јавното обвинителство. 

Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. 

Полицијата работи на откривање на неговите соучесници, велат од Обвинителството.