Апасиев: Величенствената Јована Мојсоска

  • Фејсбук пост на Димитар Апасиев, претседател на Левица

Генералисимусот ЈОВАНА МОЈСОСКА – стружанката која порасна во водач на Јакобинското крило на Левица.

Како и Кастро, така и мојата партиска десна рака е женско – величествената Јована Мојсоска – нашиот Генерален секретар! Мојата верна сенка и соборец. Моторот на Организацијата. Нема детаљ од Партијата со кој не е запознаена. Се мине преку неа. Ако не знаеш кој сектор како работи – прашај ја Јована. Ако не знаеш кој локален огранок има проблем – прашај ја Јована.

Ете, затоа ни е и ШЕФИЦА на Републичкиот изборен штаб и носител во ИЕ 5. Она пали, она гаси! Под нејзино раководство Левица ќе ја испише убавата страна на Историјата и таа ќе биде првата наша пратеничка.

Оти знае, оти заслужува, оти е струја, оти е 100 на саат, оти има живци од ортома и оти е непоколеблива и искрена во Борбата.

p.s. Многу е незгодна за (мало)граЏански либтарди