Денеска се одржува Мет гала: Ана Винтур откри кого никогаш повеќе нема да покани на престижниот моден настан

Ана Винтур / Фото: ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Годинашното издание на најпрестижниот моден настан на светот – Мет гала ќе се одржи на 6 мај каде бројни светски ѕвезди ќе ги покажат своите најкреативни модни изданија. Оваа година темата гласи: „Градината на времето“ („The Garden of Time“).

Легендарната уредничка на „Вог“ и модна кралица, Ана Винтур, секоја година го составува списокот на гости, а во една прилика во шоуто на британскиот актер и водител Џејмс Корден откри кого никогаш повеќе нема да го покани на својот настан.

Имено, таа изјави дека никогаш повеќе нема да го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Трамп редовно се појавуваше на овој настан уште од 80-тите, а во 2004 година на Мет Гала ја запроси Меланија Трамп со која се ожени следната година.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Винтур не сакаше да навлегува во деталите, но беше јасна во ставот дека никогаш повеќе нема да го видиме на овој настан со ќерките или со сопругата.

Инаку, темата на годинашниот настан го доби својот наслов од истоимениот расказ од 1962 година, напишан од британскиот писател Џејмс Греам Балард. Сижето е сместено во градина исполнета со цвеќиња кои манипулираат со времето. Темата на Балард ја придружува и изложбата на Институтот за костим – „Заспаната убавица: повторното будење на модата“, која ќе може да се погледне во музејот Метрополитен од 10 мај до 2 септември.

Годинашната Мет гала ќе ја водат Зендаја, Џенифер Лопез, Бед Бани и Крис Хемсворт.

Објавена е годинашната тема на Мет гала: Почнува потрагата по најубавата модна креација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот