ВИДЕО Вода од базени на облакодери се излеа по улиците на Бангкок: Нова снимка од силниот земјотрес!

Силен земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди Мјанмар, е почувствуван и во соседен Бангкок, каде што водата од базените кои се на покривот на облакодерите се излеаа по улиците.

Според американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот бил во центарот на Мјанмар, во близина на Мандалеј, на длабочина од 10 километри. Недолго по првиот следеше земјотрес со јачина од 6,4 степени.

Во Бангкок има многу хотели и облакодери со базени на врвот, поради што поради земјотресот се излеа вода на улиците.

Во Бангкок, на повеќе од 1.000 километри од епицентарот, земјотресот предизвика паника. Жителите на зградите се евакуирани, а се урна облакодер во изградба, при што загинал најмалку еден работник, а околу 50 се повредени, пренесе „Ел Паис“. Тајландските власти прогласија вонредна состојба во главниот град.

Во Мјанмар се уште не се знае дали има жртви, но локалните медиуми јавуваат дека се оштетени згради, вклучително и историски градби во Мандалај.

Земјотресот е почувствуван и во Кина, Индија и други соседни земји.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното