logo
logo
logo

Ова би било преседан – Еве на што е подготвен Суарез само за повторно да игра со Меси!

Vecer | 24.07.2023

Ова би било преседан – Еве на што е подготвен Суарез само за повторно да игра со Меси!

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез сака повторно да игра со Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс, некогашното трио на Барселона, кои сега се дел од тимот на Интер Мајами. Суарез е под договор со бразилскиот Гремио и трансферот моментално е тешко остварлив, но контроверзниот Уругваец има многу интересен план.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Суарез сам ќе се обиде да го договори трансферот, а на Гремио би можел да му понуди исплата на платата за оваа година и додаток за да се ослободи од договорот што го има со клубот.

Во Гремио се свесни дека сака да оди во Мајами, но не се подготвени само така да се откажат од него, бидејќи им претстои клучен дел од сезоната и не сакаат да останат без играч кој постигнал 13 гола и забележал девет асистенции на 30 натпревари.

Во својата богата кариера, Суарез настапуваше и за Национал и Гронинген, пред да премине во Ајакс (111 гола, 68 асистенции на 159 натпревари), а потоа и во Ливерпул (83 гола, 46 асистенции на 133 натпревари), каде што помина три години.

За Барселона играше шест години (195 гола, 113 асистенции на 283 натпревари), а со Меси и друштвото го постигна најголемиот успех и освои се што треба да се освои. Во Шпанија тој сè уште играше за Атлетико Мадрид, а со нив беше и национален шампион во 2021 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk