Почина боксерската легенда Џорџ Формен
Легендарниот американски боксер, Џорџ Формен, починал на 76-годишна возраст, објавила неговата фамилија.
„Големиот Џорџ“ останува запаметен како еден од најуспешните боксери во тешка категорија во историјата, а својата трофејна кариера ја најави со победа на Олимписките игри во 1968 година.
Подоцна, Формен два пати беше сопственик на титулата светски шампион во тешка категорија, а вториот пат тоа го направи на 45-годишна возраст, со што стана и највозрасен првак во историјата.
Во својата професионала кариера, Формен оствари 76 победи, од кои 68 со нокаут, а имаше пет порази, од кои едниот е од легендарното соочување со Мохамед Али во 1974 година.
До титулата на 45 години дојде со победа над Мајкл Мурер во 1994 година.