• Мартин Танасковски

Екипата на Прилеп е нов учесник во следната фаза од ракометниот Куп на Македонија, затоа што славеше на гостувањето кај Текстилец во Штип (38-20).
Очекувано, суперлигашот ја оправда улогата и продолжи во следната фаза. Разликата меѓу двата тима беше евидентна уште на полувремето кога беше 16-9 за прилепчани.
Одличен меч имаше Христи Бикоски кој погоди 12 пати и беше убедливо прв стрелец кај Прилеп, а уште четворица ракометари постигнаа по три гола. Кај Штип, Јован Атанасовски даде осум гола.
Претходно, во следната фаза од Купот место обезбедија и Струга, ГРК Тиквеш, Партизан Гевгелија, Бутел Скопје, Аеродром, Еурофарм Пелистер 2, ГРК Охрид, МРК Куманово, Радовиш и Мулти Есенс.