Русија потврди дека извршила серија напади врз украинскиот електроенергетски систем
Руските вооружени сили извршија високопрецизни ракетни и беспилотни напади врз украинските електроенергетски објекти, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Воздухопловните сили синоќа извршија групен удар од воздух со високопрецизно оружје и беспилотни летала врз постројки за електрична енергија, капацитети за производство на гас и места каде што се склопуваат и тестираат поморските дронови, се наведува во соопштението, пренесено од руските медиуми.
Од руското Министерство за одбрана додаваат дека поради нападот, „дезорганизирана е работата на индустриските компании што произведуваат и поправаат оружје, воена опрема и муниција, како и дека е уништена воена опрема и оружје од странско производство, испорачани на Украина од земјите на НАТО. "
Украинското Министерство за енергетика претходно денеска објави дека Украина нагло го зголемила увозот на електрична енергија и го прекина извозот по серијата руски воздушни напади со проектили и беспилотни летала врз објектите на електроенергетскиот систем.
„За денеска увозот на електрична енергија се предвидува на 14.900 мегават часови (Mwh) и не се очекува извоз“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од британските медиуми.
Производните и преносните капацитети од пред два дена се на удар на руските сили, што предизвика бројни прекини на електричната енергија во многу региони, а рано утринава беа нападнати електроенергетските капацитети во три украински региони.
Ново на Сител
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена