Ковачки за ТВ 24: ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај убедливо ќе ја однесе победата над сите останати партии и ќе ја формира идната влада

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 Отворено рече дека граѓаните на Македонија не сакаат да живеат во најсиромашната, најмизерната и најкорумпираната држава во Европа.

- Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ видоа прогрес, надеж и затоа излегоа масовно да ни ја дадат поддршката. Резултатот од вчерашниот ден е кастрофатен за СДСМ, факт е дека во наредниот период, на 8 мај, таа предност дополнително ќе се зголеми и ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе ја однесе победата над сите останати партии и ќе ја формира идната влада. Тие што не излегоа, дополнително ќе ги повикаме да излезат и да ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била со народот и дополнително ќе дадеме инпут со присуство на терен. - рече Ковачки.