Почина американскиот војник, кој се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон

 Почина припадникот на американските воздухопловни сили, кој се самозапали пред Израелската амбасада во Вашингтон.

Полицијата го идентификуваше мажот како Арон Бушнел (25) од Сан Антонио, Тексас.

Службениците на американската тајна служба го изгаснале пламенот пред војникот да биде пренесен во болница со сериозни повреди и во критична состојба.

Во видеото емитувано во живо на платормата Твич, човекот се идентификувал и рекол дека е активен член на воздухопловните сили. Пред да се самозапали, тој рекол дека „повеќе нема да биде соучесник во геноцид“ и додека горел викал „Ослободете ја Палестина“.

Јокиќ: Не победија, нè уништија и мораме да научиме од ова

Кошаркарите на Денвер Нагетс го доживеаја најтешкиот пораз во историјата на франшизата кога е во прашање НБА плеј-офот.

Минесота Тимбервулвс го совлада тимот на Колорадо со 115:70 и со тоа го доби седмиот натпревар од полуфиналната серија.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 22 поени, девет скока и две асистенции. Сепак, најголем проблем на Денвер е фактот што „двоцифрени“ беа само Арон Гордон (12) и Џамал ​​Мареј (10).

-Мораме да прифатиме дека ова е голем пораз. Не победија, нè уништија и мораме да научиме од ова. Мораме да почитуваме се што направија. И, погледнете, имавме резултат 9-2 на почетокот. Не изгледаше така добро за нив. Од тој момент играта стана еднотимско шоу, изјави Јокиќ по поразот.

Трикратниот МВП истакна и како од почетокот најави интересна серија против Минесота.

-Оваа серија е многу интересна, тоа го кажав и пред почетокот. Секој може да победи како гостин и тоа е она што го гледаме во моментов. Не се појавивме на овој натпревар, тие беа подобри од нас во секој сегмент. Дадовме едвај 70 поени, нивната одбрана беше фантастична. Бројките зборуваат сами за себе, објасни српскиот центар.

Одлучувачки фактор за ваков пораз беше очајниот шут од поле. Нагетс погодија само 30 проценти од нивните удари, што е навистина премногу ниско за плејоф натпревар.

-Покажаа дека се одличен одбранбен тим, тие се најдобрата одбрана во лигата со причина. Имавме свои шанси, но не ги искористивме, рече Јокиќ.

Остин ќе се сретне со Донг во Сингапур

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се очекува да се сретне со кинескиот колега Донг Џун на конференција во Сингапур во текот на овој месец, објавија американските медиуми повикувајќи се на неименнуван американски официјален претставник.

Тоа ќе биде прва значајна средба меѓу двајцата во изминатите две години, иако Остин и Донг телефонски разговараа минатиот месец.

Во меѓувреме, портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател изјави дека САД веруваат дека Кина ефикасно ја реконструирала руската одбранбена индустриска база, нарекувајќи ја „длабоко проблематична“ и истакнувајќи оти Вашингтон ќе преземе соодветни мерки по ова прашање кога тоа ќе биде неопходно.

Изјавата на Пател уследи по средбата помеѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, кои најавија „нова ера“ во партнерството меѓу двата најмоќни американски ривали. Тие ги нарекоа САД хегемон од Студената војна што предизвикува хаос низ целиот свет.

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Напаѓачот Килијан Мбапе се согласил на значително намалување на платата при неговото преселување од ПСЖ во Реал Мадрид, тврди Скај Спортс. 

Се очекува 25-годишниот Французин да потпише петгодишен договор со Шпанците за плата од 15 милиони евра по оданочување. Играчот ќе добие и 150 милиони евра како бонус за потпишување.

Според Скај Спортс, платата на Мбапе во ПСЖ во сезоната 2023/24 изнесувала 75 милиони евра годишно. Фудбалерот доби и 30 милиони евра од парижаните во вид на бонус за потпис.

Мбапе најави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24. Најверојатно, напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. На 16 мај беше објавено дека се очекува „белиот балет“ официјално да го објави договорот со играчот пред почетокот на ЕП 2024 година.

притисни ентер