Ковачевски се надева дека на ТВ дуелот ќе ги слушне ставовите на Мицкоски за клучните прашања за државата
- Добро е за кандидатите за носителите на функциите на државата, иден пратеник или иден премиер на државата да ги презентираат своите програми, ставови, како и одговори на клучните прашањата, истакна денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на новинарско прашање што очекува од ТВ дуелот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, што треба да се одржи на 3 април.
Ковачевски истакна дека се радува на ТВ дуелот, на кој, како што рече, граѓаните ќе слушнат кој каков став има за најважните прашања за државата.
- Моите ставови веќе ги знаете. Меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, во однос на интегрирањето на државата во Европската унија, во однос на односите со соседите и во однос на внатрешните односи во државата виза вi другите етнички заедници, рече Ковачевски.
Лидерот на СДСМ, Ковачевски заедно со својот тим на соработници има средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и членови на Управниот одбор на комората.
Ново на Сител
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“