Рубрика: Физика
Вселенското ѓубре невидливо ја загадува атмосферата
Објавено на 01.11.2023 - 14:30

Со порастот на лансирања на орбитлни сателити, повеќето вселенски агенции и приватни субјекти се нафатија да ги расчистат неупотребувани објекти во непосредната вселена, а тоа се прави со нивно согорување во атмосферата. При нивното контролирано урнисување, остатоците од разноразните вселенски мисии ослободуваат испарувања од согорените метали. Какви се последиците од ова за Земјата – сè уште не се знае

Група истражувачи од американската Национална администрација за океански и атмосферски истражувања (NOAA), предводени од физичарот Даниел Марфи, откри дека при ваквото "уништување" на вселенското ѓубре во атмосфератата се ослободуваат испарувања од метали, па целата работа заслужува сериозно научно истражување. „Во моментов, во стратосферските честички е присутен огноотпорен материјал воглавно составен од железо, силициум и магнезиум, кои имаат природно метеоритско потекло“, велат истражувачите. „Сепак, количината на материјал кој потекнува од враќање на сателитите и ракетните степени се очекува драстично да се зголеми во наредните 10-30 години. Како резултат на тоа, количината на алуминиум и честички од стратосферска сулфурна киселина се очекува да стане еднаква или поголема од количината на метеоритско железо, што може да донесе непознати последици. Всушност, овие честички предизвикуваат нуклеација на мраз”.

Иако во земјината орбита има многу ѓубре кое датира уште од раните години на вселенската ера, при поновите лансирања се води сметка за секое парче и дел од објект што се лансира во вселената. Па така, на пример, сателитите на крај од нивниот работен век е плаирано да ја напуштаат орбитата во која се сместени и да паднат кон Земјата, при што контролирано ќе согорат во атмосферата. Но, зачудувачки, сѐ досега никој не го поставил прашањето дали овој процес има некакви импликации за нашата атмосфера. Марфи и неговите колеги сакаат да разберат дали испарувањата што потекнуваат од овие деорбитации остануваат во стратосферата и, ако не, каде конечно завршуваат. За таа цел тимот анализал примероци од аеросоли од стратосферата. Ова било постигнато со помош на инструментот PALMS (Particle Analysis by Laser Mass Spectrometer) сместен во утробата на воздухопловот WB-57 на на NASA, кој лета на просечна висина од 18 километри, но и повеќе од тоа.

Во потрага по траги од метали што се користат во производството на вселенски летала истражувачите анализирале околу 500 000 поединечни капки од аеросоли. Во нив било откриено присуство на околу 20 метали. Некои од металите биле во сооднос што соодветствува на метеоритските испарувања, но други, како литиумот, алуминиумот, бакарот и оловото, ги надминувале количините предвидени со аблација на метеорити. Вишокот бил во склад со она што се очекува да се најде при производството на вселенски летала. Биле пронајдени траги и од други метали, како ниобиум и хафниум, кои се типични за конструкцијата на вселенските летала, но речиси целосно (ако не и воопшто) отсуствуваат во составот на познатите метеорити. Севкупно, тимот открил дека околу 10% од стратосферските аеросоли, над одредена големина, ги задржуваат честичките од согорените вселенски летала.

Клучни зборови: