logo
logo
logo

Ким Јонг Ун во име на партијата и владата им се заблагодари на официјалните лица, научниците и службениците

Vecer | 27.11.2022

Ким Јонг Ун во име на партијата и владата им се заблагодари на официјалните лица, научниците и службениците

Главната цел на нуклеарната програма на Северна Кореја е да се создаде најмоќното нуклеарно оружје во светот, најавил Ким Џонг Ун.

- Нашата голема континуирана цел за изградба на нуклеарна сила за сигурна заштита на достоинството и суверенитетот на државата и народот е најголемата и најважната револуционерна цел, а нејзината крајна цел е поседување на најмоќната стратешка сила во светот, апсолутна моќ без преседан во овој век - навел Ким во писмо до официјални лица и научници кои работат во секторот за истражување на одбраната.

Укажувајќи на успехот на научниците во создавањето на интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17, која тој ја нарече “најмоќното стратешко оружје во светот“, и драматичниот “скок напред во развојот на технологијата за поставување нуклеарни боеви глави на балистички ракети“ Ким рече дека Пјонгјанг “е солидна определба, способност, голем потенцијал и сигурна, секогаш победничка иднина на нашата земја која напредува кон целта да изгради најсилна армија во светот“.

Ким Јонг Ун во име на партијата и владата им се заблагодари на службениците, научниците и офицерите кои работеа на развојот на „најмоќното стратешко оружје - наш тип“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk