logo
logo
logo

Сместувањето и исхраната во студентските домови по СТАРА ЦЕНА

Vecer | 18.09.2023

Сместувањето и исхраната во студентските домови по СТАРА ЦЕНА

Најавеното покачување на цената за сместување и исхрана на студентите во државните студентски домови во Скопје нема да се реализира, откако денеска Државниот студентски дом „Скопје“ на седницата на УО донесе одлука да нема промена во цената, односно дека таа ќе биде вратена на стариот износ и ќе изнесува 3.645 денари.

- Државниот студентски дом „Скопје“ на седницата на Управен одбор одржана утринава, а по претходна координација со Министерството за образование и наука и министерот Јетон Шаќири, донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945 денари се враќа на 3.645 денари, исто како претходните години - се наведува во соопштението.

Оттаму наведуваат дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана биле земени предвид сите трошоци на ДСД „Скопје“, кои, како што велат, се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура.

- По реакцијата на студентите за покачените цени одлучено е тие да се вратат на старите суми, а дополнително да се бара решение за нормално функционирање на студентските домови - истакнуваат од ДСД „Скопје“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk