Бугарскиот државен врв со директна порака за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ

Бугарскиот политички врв по завршувањето на изборите во Македонија е на ставот дека шансите за олабавување на условите за продолжување на европскиот пат на Македонија и можни нови договори меѓу Скопје и Софија се сведени на минимум, повеќе отстапки од нивна страна нема да има.

Претседателот Румен Радев вели дека отсекогаш ја поддржувал европската интеграција на Македонија, но со внесување на бугарите во Устав.

- Јас мислам дека е крајнио време и тоа ќе се покаже наскоро дали новата претседателка и партијата која победи дали македонија сака да се движи кон Европа. Сум ја поддржувал нивната интеграција, но со почитување на принципите на добрососедство, критериумите за членство, што би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари. - рече Радев. 

И бугарскиот премиер Димитар Главчев е согласен со нивниот претседател, тој вели дека ќе се почека и види каква Влада ќе биде формирана во Македонија, која ќе го дефинира патот кон ЕУ интеграциите.  

- Да почекаме да видиме каква влада ќе се формира. Се надевам дека ќе ја продолжат својата европска перспектива. Ставот што го имаме е паневропски став, на нашите пријатели од Република Македонија им е јасно дека доколку не ги исполнат условите за членство во ЕУ нема да функционира. - рече Главчев.

Од утре Бугарија повторно е во кампања, за шести избори во рок од три години. По изборите во април минатата година, Бугарија имаше заедничка ротирачка влада.Тие се договорија за 18-месечна влада со ротација на премиерите, прво Николај Денков од ЦЦББ, а по девет месеци, Марија Габриел од ГЕРБ. Сепак Габриел не успеа да формира влада, па на 27 март и Денков ја отфрли поканата на Радев да се обиде да состави влада.