Павле Трајанов: Протоколот е контроверзен, да не се потпишува
Протоколот усогласен помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, да не се потпишува, бидејќи е контроверзен и и овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, посебно во идентитетските, историските и образовните прашања.
Протоколот треба што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат. Воедно укажуваме дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акционен план, годишни прегледи и протокол, треба да мине низ широка расправа, за да се слушне гласот на народот. Во текот на оваа расправа, министрите да се воздржат од закани со кривичен прогон на тие што имаат поинакви ставови, потоа со меѓуетнички тензии и сл.
Договорената стратегија за широки консултации треба да се одвива во демократска атмосфера, одговорно и транспарентно.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети