Линкови за пристапност

Стејт департмент: Габриел Ескобар не е разрешен од функцијата


Габриел Ескобар, аменик помошник секретар и специјален пратеник во канцеларијата за европски и евроазиски прашања и специјален пратеник за прашања од Западен Балкан.
Габриел Ескобар, аменик помошник секретар и специјален пратеник во канцеларијата за европски и евроазиски прашања и специјален пратеник за прашања од Западен Балкан.

Стејт департментот на САД соопшти дека е лажна вест за тоа дека специјалниот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар бил разрешен од својата функција.

Портпаролот на Стејт депарментот, Метју Милер, во одговор на прашање на Гласот на Америка рече дека наводите на новинарот Вуди Џимшити се лажни.

„Заменик-помошникот секретар Габриел Ескобар не е разрешен од функцијата. Сите офицери за надворешна служба во кариерата ги ротираат задачите еднаш на секои четири години како прашање на редовна пракса. Како офицер од кариера во надворешната служба, заменик-помошникот секретар Ескобар ја извршуваше својата сегашна функција три години и треба да ја направи долго планираната ротација на неговата следна задача во наредните недели. До неговата закажана ротација, тој останува во својата улога како заменик помошник секретар и специјален пратеник во канцеларијата за европски и евроазиски прашања, како и специјален пратеник за прашања од Западен Балкан“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Оттаму додаваат дека новинарот Џимшити во повеќе наврати пишувал невистини во врска со заменик-помошникот секретар Габриел Ескобар.

„И покрај тврдењата на г-динoт Џимшити за спротивното, сопругата на заменик-помошникот секретар Ескобар никогаш не добила средства од Министерството за надворешни работи на Србија. Ниту, пак, заменик-помошникот секретар Ескобар има семејна врска со наводниот партнер во адвокатската фирма во Тексас, ДОО Мекгинис Лохриџ. Неодговорно е да се објавуваат вакви невистини. Го охрабруваме секој новинар да ги провери фактите пред да шири навредливи и неосновани гласини. Како општа работа, знаеме дека дезинформациите претставуваат извонредна закана за демократските општества. Го труе општествениот дискурс, ги влошува поделбите и претставува закана за националната безбедност за Соединетите држави и нашите сојузници и партнери“, се додава во соопштението на Стејт департментот.

Пред два дена магазинот Фронтлајн чиј главен уредник е Вуди Џимшити објави дека Габриел Ескобар е разрешен од својата функција по неговите написи за наводни финансиски врски помеѓу семејството на Ескобар и српски владини тела.

XS
SM
MD
LG