Хајди Клум во „Матрикс“ издание: Нејзината комбинација прави 50+ дамите да изгледаат помладо и пошармантно

Точка

03/04/2024

20:43

6.967

Големина на фонт

а а а

Моделот, ТВ личност и продуцентка Хајди Клум била видена на пат кон снимањето на шоуто „America's Got Talent“, во кое таа е судија.

За снимањето таа избрала комбинација која потсетува на Кијану Ривс во улогата на Нео во филмот „Матрикс“. Филмот меѓу другото е познат и по долгите кожни мантили и изданијата кои го вклучуваат овој материјал, кој одлично се вклопува со овој изглед на Хајди Клум, како женска верзија на Нео.


Познатата манекенка носела фустан со кратки ракави кој се закопчува однапред и има крагна, а истиот го искомбинирала со кожни шпиц чизми до колена.

Од аксесоари Хајди носела предимензионирани црни очила за сонце, црна чанта со сребрен синџир и обетки во сребрена боја за да одговараат со деталите на чантата.


Моделот на фустанот е идеален за овој пролетен период, а исто така остава сензуален впечаток и гарантирано ќе привлече погледи.

Хајди е член на жирито на ова натпреварување од 2011 година.

Во продолжение инспирирајте се од некои од претходните изданија на Хајди Клум кои изгледаат совршено:




Спонзорирани линкови

Маркетинг