Бајрами: Влада без Европскиот фронт носи ризици за политичките околности и државата

„Секоја таква политичка авантура ќе биде ризична за европската иднина на оваа држава и за сите политички околности што ќе се случуваат после 8 мај. Бидете сигурни дека никоја политичка гарнитура - владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“, изјави техничкиот министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.

Бајрами рече дека овие избори се референдум за европската иднина на земјата и дека поддршката што ја има Европскиот фронт од европските партнери е поголема од кога било.