Силен земјотрес утрово во соседна Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Крит. Земјотресот е регистриран на 60 километри североисточно од Ираклион.

Земјотресот бил на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.