“Вреди” и ”Знам” со услови за влез во новата влада, ДУИ порачува да ги почекаат изборните резултати

Партиите ги пеглаат своите услови со кои ќе настапат по изборите за да ги финализираат коалициите. Иако веќе се шпекулира за одредени можни сценарија и опции, сепак и денеска од албанската опозиција Вреди велат главен услов за коалиција со било која партија, но и при формирање влада ќе бидат евро-интеграции на земјата а тоа подразбира и уставни измени.

Иако Мицкоски очекува победа и најавува коалиција со Вреди и ЗНАМ сепак и двете партии и денеска со изјави дека евентуалното нивно коалицирање нема да биде безусловно .

И во интервју за МИА носителот во ИЕ 3 од ЗНАМ Генерал мајор Павле Арсовски потенцираше дека за евентуална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ постизборно ќе бараат потпишување на декларација со која ќе бараат нивните услови да бидат исполнети .

Од ДУИ пак и денеска со став дека народот одлучува на кој же му ја даде довербата за да биде дел од идната влада. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ниту негираше ниту отфрли можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак и во сите јавни настапи до сега лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја отфрлаше можноста за постизборна коалиција со ДУИ. Колицијата Европски фронт пак во своите јавни настапи се помалку говори за евентуална коалиција со доскорашниот владин партнер СДСМ чии пак лидер Ковачевски вели дека и натаму остануваат отворени за коалиција со сите партии кои делат исти европски вредности но и слични програми.